Достапни линкови

Пендаровски: Преморени сме од чекање на датум за преговори


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски од Брисел порача дека „заморот од проширувањето“ на кој се повикува Европската Унија го чувствува и Северна Македонија. Тој на конференција организирана од тинк-тенкот „Пријатели на Европа“ порача дека земјава е рекордер во чекање старт на пристапните преговори со Европската Унија. Пендаровски нагласи дека се исполнети сите реформи и дека земјата испорачала за спорот со името.

„И сега што? Повторно треба да чекаме? На чија страна е заморот?“, праша Пендаровски.

Според него, пораката на европскиот претседател Доналд Туск по нивната денешна средба била дека „проблемот сега не е кај вас, туку кај нас“.

XS
SM
MD
LG