Достапни линкови

Естонија го ратификуваше протоколот за членство во НАТО


Знамињата на Северна Македонија и НАТО во седиштето на Алијансата

Парламентот на Естонија денеска го ратификуваше протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Естонија е 17-та земја што го ратификуваше Протоколот, откако тоа минатата недела го стори германскиот Бундестаг, а денеска во Комисијата за надворешни работи на американскиот Сенат ќе има сослушување поврзано со пристапувањето на Северна Македонија во НАТО.

На сослушувањето во Сенатот повикани се помошник државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер и Кетрин Вилбаргер, американски заменик помошник секретар за одбрана за меѓународни безбедносни прашања. Седумнаесет од 29 земји-членки досега го официјализираа пристапувањето на Северна Македонија во најголемиот воено-политички сојуз во светот.

XS
SM
MD
LG