Достапни линкови

Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго се најстресните градови во САД


Лос Анџелес, Њујорк и Чикаго се најстресните градови во САД, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена во пет американски градови.

Во анкетата учествувале над 3.000 жители на Лос Анџелес, Њујорк, Далас, Чикаго и Мајами. Дури 76 проценти од нив се изјасниле дека во нивниот град чувствуваат зголемeен стрес секојдневно, но најмногу негативни гласови добил Лос Анџелес, објави Индипендент.

Жителите на Њујорк, сепак, не заостануваат многу, па 72 проценти од нив пријавиле секојдневен стрес, додека за Чикаго тоа го тврдат 65 проценти од жителите. Потоа следи Мајами (64%), Далас (48%), па Сан Франциско (44%), што сугерира дека жителите на север живеат помирно од своите сонародници од југот.

XS
SM
MD
LG