Достапни линкови

Палмер ги повика лидерите на Србија и Косово да заборават на инаетите


Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер во своето обраќање на церемонијата по повод 20-годишнината од влегувањето на силите на НАТО во Косово, на косовските и српските лидери им порача да се угледаат на своите колеги од Северна Македонија и Грција. Тој побара од лидерите на двете земји да го остават настрана минатото и да работат посветено на постигнувањето договор, кој ќе резултира со меѓусебно признавање.

„Треба да се заборават инаетите. САД продолжуваат да го поддржуваат Косово и да го охрабруваат да напредува. Косово и Србија треба да го продолжат дијалогот до меѓусебното признавање на двете држави. Косово и Србија секогаш ќе бидат соседи“, изјави Палмер.

XS
SM
MD
LG