Достапни линкови

Уапсени над 200 лица на протестите во Москва, меѓу нив и новинари


Протестите во Москва

Полицијата уапсила повеќе од 200 луѓе за време на протестите во Москва за поддршка на новинарот Иван Голунов, кои беа најавени пред тој да биде ослободен од обвиненијата за обид за продавање на наркотици. Опозицискиот политичар Алексеј Навални и неколку новинари се меѓу уапсените.

Полицијата соопшти дека лицата биле уапсени за учество во јавен собир кој не бил одобрен од локалните власти. Организаторите на протестот за „Слобода на Голунов“ претходно на Фејсбук соопштија дека не добиле дозвола за одржување на собирот и дека граѓаните треба сами да донесат одлука дали ќе излезат на улиците на Москва. Голунов, кој ги негираше обвиненијата беше ослободен вчера.

XS
SM
MD
LG