Достапни линкови

Хоџај очекува дијалогот меѓу Косово и Србија да заврши до март 2020 година


Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај изјави дека очекува набрзо да биде постигнат договор меѓу Косово и Србија.

„Врз основа на состаноците што ги имав во изминатите неколку недели, за кои не сакам да одам во детали, очекувам дијалогот меѓу Косово и Србија да биде завршен до крајот на 2019 или март 2020 година, со договор за взаемно признавање“, изјави Хоџај.

Според него, дијалогот има врска со тоа дали сакаат косовското знаме да биде подигнато пред ОН или да чекаат уште десет години.

XS
SM
MD
LG