Достапни линкови

Северна Македонија на 67 место на Глобалниот индекс на мирот


Скопје. Илустрација.

Северна Македонија се најде на 67 место на Глобалниот индекс на мирот од 163 земји, според извештајот на Институтот за економија и мир. Во однос на регионот пред земјава се Бугарија на 28 место, Хрватска на 50 место и Србија на 64 место. Црна Гора е веднаш зад нас, а по неа следи БиХ на 86 позиција и Косово на 95 место.

Насилството според извештајот, продолжува да има значајно влијание врз светската економија. Во десетте земји најзагрозени од насилството, просечните економски трошоци предизвикани од насилство биле еквивалентни на 35 отсто од БДП, во споредба со само 3,3 отсто во земјите кои се најмалку погодени од насилството.

Најмирна земја во светот останува Исланд која од 2008 година е на првата позиција, а на врвот заедно со земјата се и Нов Зеланд, Австрија, Португалија и Данска. Најдолу на листата на Глобалниот индекс на мирот е Авганистан кој го зазема местото на Сирија, која сега се наоѓа на претпоследната позиција.

XS
SM
MD
LG