Достапни линкови

Макрон поддржува Меркел да е на чело на Европската комисија


Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека би ја поддржал германската канцеларка Ангела Меркел кога таа би сакала да биде на чело на Европската комисија. Според Макрон, на Европската унија и е потребен некој силен во извршниот орган на Унијата. Сепак, како што додаде, нема да влијае врз Меркел која деновиве ја исклучи можноста да биде на чело на ЕК по заминувањето од канцеларската функција. Таа го поддржува германскиот европратеник Манфред Вебер како наследник на Жан Клод Јункер чиј петгодишен мандат му истекува годинава.

XS
SM
MD
LG