Достапни линкови

По дрвените улици на Ѓоковиќ, Андриќ, Брус Ли...

Во туристичката атракција Дрвенград (Меќавник) на режисерот Емир Кустурица, во месноста Мокра Гора, меѓу планините Тара и Златибор, во Србија, секоја од улиците меѓу педесетината дрвени куќи, носи име на светски позната личност од спортот, литературата, филмската уметност... Таму се улиците на литературните великани Иво Андриќ и Бранислав Нушиќ, спортските асови Новак Ѓоковиќ и Диего Марадона, режисерските легенди Џим Тармуш, Федерико Фелини, Андреј Тарковски, Ингмар Бергман, како и на актерите Брус Ли и Миодраг Петровиќ - Чкаља, потоа на Ернесто Че Гевара, Јуриј Гагарин, гитаристот Џо Страмер... Малото етно-село Дрвенград е изградено во 2003 година, за снимање на филмот „Животот е чудо“. Секојдневно го посетуваат и по неколку стотини туристи. Гости во него биле и познати холивудски ѕвезди, меѓу кои последен беше Џони Деп.


Категории

XS
SM
MD
LG