Достапни линкови

Момчето со изгореници ќе се лекува во Софија


Архивска фотографија- министерот за здравство Венко Филипче

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар, е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

“Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување”, стои во соопштението.

Повреденото момче движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобило со изгореници од струен удар.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се ширеа барања за помош за превоз на момчето, а во дел од нив се наведуваше дека министерот за здравство Венко Филипче бил на продолжен викенд и поради тоа не можел да даде дозвола.

"Не се точни наводите дека министерот Филипче е отсутен и недостапен", реагираа претпладнево од Министерството за здравство.

XS
SM
MD
LG