Достапни линкови

Со боја нападнатa локална канцеларија на СИРИЗА во Атина


Архивска фотографија- грчкиот премиер Алексис Ципрас зборува на митинг на неговата партија Сириза

Група од околу 20 лица, со бои нападнале локална канцеларија на СИРИЗА во атинската населба Ексархија, објавија грчките медиуми.

Според истите информации, групата веднаш побегнала, а била нанесена мала материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случи попладнево, на речиси 15 часа пред отворањето на гласачките места во Грција, за европските и локалните избори.

XS
SM
MD
LG