Достапни линкови

Пресуда- Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари


Русија- украинските морнари кои беа приведени во теснецот меѓу Црното и Азовското море лани во ноември на суд во Москва

Меѓународниот трибунал за поморско право денеска пресуди дека Русија мора да ги ослободи трите украински воени брода кои се запленети во ноември минатата година заедно со 24 морнари.

Оваа одлука беше донесена за спорот кој Украина го поведе против Русија пред меѓународниот трибунал. Претседавачот со судот, судијта Џин- Хјун Паик рече дека советот одлучил дека Русија мора одма да ги врати бродовите на Украина, да ги ослободи морнарите и да им дозволи да се вратат во земјата.

Руската погранична служба на 25 ноември лани заплени три украински воени брода со 24 членови на екипажот кои се обидуваа да поминат низ теснецот од Црното море во Азовското море. Киев тври дека бродовите ги почитувале меѓународните правила, додека Москва, пак, тврди дека Украинците немале дозвола да поминат.

XS
SM
MD
LG