Достапни линкови

Прва интернационална конвенција за тетоважи во Скопје


Илустрација - Артист за тетоважи црта

За прв пат во државава ќе се одржи интернационална конвенција за тетоважи. Конвенцијата започнува утре од 11 часот во малата сала во „Борис Трајковски“, а ќе трае цел викенд.

„Со цел да го задржиме младиот и креативен дух на овој простор, организираме Интернационална тату конвенција која за првпат ќе биде одржана во Скопје. Ќе учествуваат сите млади уметници како и веќе докажаните добро познати наши артисти. Како почесни гости ќе бидат повикани професионалните тату мајстори од Германија, Америка, Италија, Грција, Бугарија, Косово, Црна Гора, Србија итн“, информираат на Фејсбук организаторите на конвенцијата.

На настанот ќе се натпреваруваат артисти во повеќе различни категории.

XS
SM
MD
LG