Достапни линкови

„Треш фешн“ по осми пат


„Треш Фешн“ 2018

Натпревар на креации изработени со реупотреба на материјали ќе се одржи утре од 17 часот во МКЦ, по повод Светскиот ден на животната средина. Натпреварот, наречен „Треш фешн, се организира по осми пат. Ќе се натпреваруваат тимови од 40 средни училишта кои веќе четири месеци собираат, рециклираат и изработуваат оригинални модни дизајни.

Целта на настанот е на иновативен начин да ги поттикне средношколците да ја развијат свеста за заштита на животната средина, собирајќи го отпадот околу нив и да креираат оригинални модели преку неговата реупотреба.

Прво, второ и трето место годинава ќе додели петчленото жири составено од Петар Атанасов – заменик министер за образование и наука, Ружица Антиќ – главен уредник на „Портрет“, Ирина Тошева – моден дизајнер, Марио Додовски – моден критичар и Лука Ѓоргиевски – фронтмен на бендот Funk Shui. Годинава ќе биде доделена и награда за тимот кој реупотребил најмногу отпад за изработка на својот модел.

Додека трае гласањето, ќе настапи музичкиот бенд „Бејсмент Култ“ составен од ученици од СОУ „Никола Карев“ – Скопје.

Пред настанот учениците ќе имаат можност да учествуваат на едукативна работилница.

Настанот е во организација на Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, а се реализира со поддршка од Делегацијата на Европска Унија и Град Скопје.

XS
SM
MD
LG