Тие, како што изјавија по целодневните состаноци зад затворени врати, ги убедувале конгресмените дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака даодврати агресија од Техеран, а не да ја нападне Исламската република.
„Ние не сакаме ситуацијата да ескалира. Се работи за заплашување, а не за војна. Ние не сакаме да одиме во војна. Се работи за продолжување на заштитата на нашите интереси на Блискиот Исток“.
Реториката меѓу Техеран и Вашингтон ескалираше во последниве неколку недели, откако САД ги зајакнаа санкциите со цел, како што беше наведено, да се постигне подобар договор со Иран од оној на претходниот претседател Барак Обама потпишан во 2015 година.
Од овој договор Трамп се повлече лани.
Соединетите држави разместија носач на авиони и дополнителни сили во регионот на Персискиот залив како одговор на разузнавачки податоци дека Иран можело да дејствува против американските интереси.
Овие обвинувања Техеран ги отфрла.
Иранскиот претседател Хасан Рохани вели:
„Човек или нација може да биде под притисок, но иранската нација нема да им се поклони нанасилниците“.
Републиканските сенатори, како и владините претставници, ја отфрлаат перцепцијата дека ова е најава за војна.
Меѓу нив се и Линдзи Греам и Мит Ромни:
„Ние сме подготвени да одговориме ако треба. Најдоброто нешто што треба да се случи е сите да се смират и Иран да се повлече. И јас се надевам дека оваа покажување на сила ќе резултира со де-ескалирање, а не ескалирање“.
„ Акцијата преземена од администрацијата е сосема соодветна. Таа беше посакувана и дизајнирана за да се спречи акција од Иран или нивните сурогати против Американците и против американските интереси“.
Демократите не се толку уверени во тоа.
Сенаторот Крис Марфи и Берни Сандерс изјавија:
„Немаше никаков напор да се изложи внимателна, меѓусекторска стратегија за тоа како конечно ќе се постигне подобар договор што ќе го потпишат иранците отколку што беше потпишан од администрацијата на Обама“.
„ Но, дозволете ми да кажам дека многу се грижам што намерно или ненамерно, може да создадеме ситуација во која ќе се случи војна.“
Според истражувањето на Ројтерс, објавено во вторникот, 51 насто од сите Американци веруваат дека САД ќе влезат во војна со Иран „во следните неколку години", а само 39 проценти одобруваат како Трамп се справува со Иран.