Достапни линкови

ЕУ ја поздрави одлуката на Трамп за одложување на царините за увоз на автомобили


Претседателот на САД Доналд Трамп.

Европската комисија денеска ја поздрави одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го одложи воведувањето на царини за увоз на автомобили.

„Ја поздравуваме оваа одлука, и покрај одредените несогласувања меѓу, ЕУ и САД лојално и чесно го почитуваат договорот постигнат меѓу претседателот на Европската комисја Жан Клод Јункер и претседателот Трамп од 25 јули минатата година. Траба да се избегнат додатни царини без оглед од која страна доаѓаат“, се вели во соопштението на ЕК.

Европската комесарка за трговија Сесилија Малмсторм на Твитер го отфрли тврдењето дека извозот на автомобили од ЕУ претставува закана за националната безбедност на САД.

XS
SM
MD
LG