Достапни линкови

Односите со Русија во фокусот на 70-годишнината на Советот на Европа


Советот на Европа.

Односите на Советот на Европа и Русија се во центарот на вниманието за време на проставата на 70-годишнината на клучното тело за човекови права на собирот во Финска.

Повеќе од 30 европски министри за надворешни работи се во Хелсинки на дводневната средба која започна на 16 мај во историската сала „Финландиа“, каде во 1975 година беше потпишан Хелсиншкиот договор како дел од напорите за намалување на тензиите од Студената војна.

Русија е членка од 1996 година, но односите се влошија откако Советот ги прекина гласачките права на Москва по заемањето и анексијата на Крим во 2014 година.

Како одговор на тоа Русија ги замрзна нејзините годишни исплати од 37 милиони долари за Советот, што е околу 7 проценти од буџетот на телото со седиште во Стразбур.

Неплаќањето може да води до суспензија на Русија од јуни оваа година, но Москва деновиве покажа знаци за подобрување на односите.

XS
SM
MD
LG