Достапни линкови

Европските избори, лажните вести и заморот во ЕУ


ЕУ дебата: Британија е „Игра на тронови“ на стероиди
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

ЕУ дебата: Британија е „Игра на тронови“ на стероиди

Шестмина кандидати на европските политички партии за највисоката работа во Европската комисија на синоќешната дебата се судрија околу растечкиот замор во Европската унија.

Во 90-минутната дебата наречена „претседателска“, првиот заменик-претседател на Европската комисија во заминување, Франс Тимерманс, предупреди на ризикот од поделби во Британија три години откако таа земја гласаше за напуштање на Европската унија.

„Погледајате какви поделби Брегзитот му направи на Обединетото Кралство. Денес, ОК изгледа како Игра на тронови на стероиди, а тоа е поради оваа политика на поделби“.

Холанѓанецот, кој е водечки кандидат на социјалистите, рече дека пан-европските партии имаат „одговорност да им понудат предлози на граѓаните што ќе ги натера да се вратат во европскиот проект“.

Манфред Вебер, сојузникот на германската канцеларка Ангела Меркел и на актуелниот претседател на Комисијата Жан-Клод Јункер, оцени дека намалената популарност на Европската унија е поради недостигот на демократија.

„Ако сакаме да одговориме, мора да ја направиме Европа демократска. Во случајот со Брегзитот главната порака на поддржувачите беше сакам да си го вратам мојот суверенитет. Луѓето не чувствуваат дека Европа е „Мојата Европа“ и сакам да го сменам тоа“.

Тој го повтори неговиот повик за создавање механизам за одбрана на европските вредности, како и „примена на санкции против земјите-членки кои не се подготвени да ги почитуваат основните европски принципи“.

Сојузникот на конзервативната партија на британската премиерка Тереза Меј и чешки член на Европскиот парламент Јан Захрадил ги обвини централната десничарска Европска народна партија и социјалистите за давање поголема моќ на европските институции.

„Не мислам дека повеќе Европа е универзален одговор за секој проблем, како што за жал, ЕПП и социјалистите го водеа европскиот бизнис во последните 25 години и не верувам дека ќе можат да донесат вистинска промена“.

Водечкиот кандидат на Зелените, Ска Келер, рече дека проевропските партии повеќе не треба да формираат сојуз со партиите што ги нареече „екстремистички сили“.

Еврокомесарката за конкуренција, либералката Маргарет Вестагер, пак повика на подобрување на јавната дебата и на борбата против „лажните вести“.

„Да им дадеме на луѓето вистинска храна за размислување и да ги поканиме назад кон вистинска дискусија за тоа како ги обединуваме нашите национални демократии и нашата европска демократија за да може да функционираат во секојдневниот живот“.

Откако анкетите покажаа дека жестоките критичари на Европската унија ќе освојат дури 15 насто од седиштата во Европскиот парламент, кандидатите побараа граѓаните во што поголем број да излезат на изборите во следната недела.

Во 2014 година повеќе од половината не го сторија тоа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG