Достапни линкови

Во Албанија утре ден на национална жалост


албанско знаме, илустрација

Албанската Влада на денешната попладневна седница донесе одлука утрешниот ден да го прогласи за ден на национална жалост во чест на мајор Клодиан Никола Тануши, кој го загуби животот во мисија во Летонија. Посебната државна комисија, со која претседаваше министерката за одбрана Олта Џачка, донесе одлука мајорот Тануши, кој беше командант на албанскиот контингент во Летонија, да го прогласи за „Херој на татковината“.

Тануши беше тешко повреден при експлозија на мина на 6 мај, а почина на 11 мај. Во мисијата на НАТО во Летонија заминал на 20 декември лани, од каде требаше да се врати следниот месец. Инцидентот се случил кога албанските војници демонтирале мини во рамки на мисијата на НАТО.

XS
SM
MD
LG