Достапни линкови

Хелсиншки комитет: Оправдано е граѓаните со закон да се обврзат на вакцинација


Вакцинирање на вакцинален пункт во Скопје

Хелсиншкиот комитет за човекови права смета дека е оправдано граѓаните со закон да се обврзат на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството. Од таму велат дека задолжителната вакцинација, која е предвидена со член 33 став 2 од Законот за заштита на населението од заразни болести, во ниту еден момент не може да се доведе под сомнение дека е во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права.

„Од духот на уставните одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека во случај на одбивање на вакцинацијата од страна на родителите, истите не само што го загрозуваат здравјето на сопствените деца, туку и здравјето на другите лица кои поради медицински контраиндикации не се вакцинирани и на тој начин им го ускратуваат правото на здрав живот. Заради обезбедување на наведеното право, Хелсиншкиот комитет за човекови права сметка дека е оправдано со закон да се обврзат граѓаните на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството“, се вели во правното мислење на Хелсиншкиот комитет во врска со забраната за упис на невакцинирани деца во училиште.

Како што беше наведено во решението на Уставниот суд во врска со задолжителната вакцинација, се додава, редовната вакцинација е една од специфичните мерки на заштита од заразните болести.

XS
SM
MD
LG