Достапни линкови

Џафери го испратил дописот за отсуството на Груевски до надлежната комисија


Никола Груевски

Претседателот на Собранието, Талат Џафери до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања го испратил дописот дека пратеникот Никола Груевски шест месеци неоправдано бил отсутен од работата на законодавниот дом, соопшти собраниската прес-служба.

Претседателот на Комисијата Павле Богоевски сега треба да ја закаже седницата на која ќе се расправа по прашањето. Ако комисијата препорача одземање на мандатот, потоа на пленарна седница е потребно двотретинско мнозинство за да му се одземе мандатот на Груевски.

XS
SM
MD
LG