Достапни линкови

САД им наредија на владините службеници да го напуштат Ирак


Зградата на Стејт Департмент

Американската амбасада во Багдад соопшти дека Стејт Департментот издал наредба сите владини работници кои не се неопходни да го напуштат Ирак поради зголемените тензии со соседен Иран. Наредната се однесува и на американскиот конзулат во Ирбил, главниот град на курдскиот автономен регион во земјата.

Според соопштението, привремено ќе бидат прекинати и услугите за издавање виза, а американските власти ја ограничиле можноста и за обезбедување на итни услуги за државјаните на САД во Ирак. Се препорачува тие да ја напуштат земјата што поскоро.

XS
SM
MD
LG