Достапни линкови

Добри односи меѓу САД и Русија, впечаток или намера?


Путин и Трамп се за целосни односи меѓу Русија и САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Путин и Трамп се за целосни односи меѓу Русија и САД

Рускиот претседател Владимир Путин на разговорите во Сочи со американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека сака повторно да воспостави „целосни односи со САД“ и покрај многубројните точки на несоглсаување меѓу двете земји.

Претседателот Путин оцени дека телефонскиот разговор што деновиве го имал со американскиот претседател Доналд Трамп го охрабрил да мисли дека односите меѓу Русија и САД би можеле да се подобрат.

„Како што знаете, пред неколку дена имав задоволство да разговарам со претседателот на САД по телефон и имав впечаток дека претседателот има намера да ги обнови американско-руските односи и контакти со цел решавање на прашањата од заеднички интерес. Во наше име, ние го кажавме тоа повеќе пати дека исто така би сакале повторно да ги изградиме полноправните односи“.

Путин го поздрави, како што рече, „позитивниот извештај“ на специјалниот американски советник Роберт Мулер во врска со тоа дали имало дослух меѓу Трамп и Москва за време на претседателската кампања во САД.

За наводното руско мешање во американските избори станало збор и на тричасовната средба на Помпео со неговиот руски колега Сергеј Лавров.

На заедничката прес конференција Помпео изјави дека го предупредил Лавровдека ќе има реперкусии против евентуалното руско мешање на следните американски претседателски избори.

„Но, јас јасно му кажав на министерот за надворешни работи, Лавров, како што го направивме тоа во изминативе месеци дека мешањето во американските избори е неприфатливо. Ако Русите би биле ангажирани и во 2020 година нашата врска ќе ја ставиме на уште полошо место отколку што беше. И ги охрабруваме да не го сторат тоа бидејќи нема да го толерираме“.

Лавров од своја страна ги отфрли ваквите наводи, наведувајќи:

„Разбирливо е дека ваквите инсинуации се целосно лажни и се надевам дека по неодамна објавениот извештај на специјалниот советник Роберт Мулер, прашината слегнува низ океанот и на крајот ќе можеме да се придвижиме кон воспоставување конструктивна соработка и професионален дијалог меѓу Русија и САД“.

Со таква цел впрочем, како што на разговорите со Путин рече Помпео, тој допатувал во првата посета на Русија откако е државен секретар.

„Има места каде што не се согласуваме, има места каде што мислам постојат вистински преклопувачки интереси кои можеме да ги надградиме. И што е најважно претседателот Трамп многу сака да го стори тоа“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG