Достапни линкови

Средба меѓу Путин и ван дер Белен


Александар ван дер Белен

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Сочи ќе разговара со неговиот австриски колега Александар ван дер Белен. Кремљ соопшти дека двајцата лидери се очекува да разговараат за билатералните односи во различни области и за нивната иднина, како и за глобални и регионални прашања. Путин и Ван дер Белен исто така ќе учествуваат на основачкиот состанок на билатералниот јавен форум наречен „Сочи дијалог“, кој се формира на иницијатива на претседателите на двете земји, со цел зајакнување на врските на граѓанските општества.

XS
SM
MD
LG