Достапни линкови

Заврши протестот на албанската опозиција


протест на обединетата албанска опозиција против актуелната Влада

Со обраќањето на лидерот на Демократската партија, Љуљзим Баша, од пред седиштето на партијата и пеењето на националната химна заврши петтиот голем протест на обединетата албанска опозиција против актуелната Влада. „Албанија, а ни Европа не познаваат ваков отпор и одлучност. Повеќе од три часа на дожд, одлучни во нашата цел дека не постои сила на земјата да не спречи во нашава цел за слободни и фер избори“, порача меѓу другото Баша. И покрај обилниот дожд илјадници приврзаници на опозицијата и незадоволни граѓани останаа три часа извикувајќи „Рама оди си“. Тензии имало пред Дирекцијата на Полицискиот комесаријат во Тирана каде демонстрантите бараале ослободување на 50-те притворени во саботните протести.

XS
SM
MD
LG