Достапни линкови

Воздухопловно шоу на Стенковец


Воздухопловен модел на МајФлај 2019, Стенковец

Четврта година по ред се организираше Интернационалниот собир за воздухопловни модели и дронови МајФлај. Идејата е да се зголеми достапноста на овој спорт, да се привлечат членови на постојните клубови и да се разменат искуства.

Според еден од одговорните во организацијата, Иван Христов викенд настанот е вид митинг за заинтересираните за овие спортови.

Годинава за прв пат, официјално се организираше и Светски куп во трки со дронови во категоријата FAI f9U Drone Racing. Со 27 натпреварувачи, Христов изјави дека купот во нашата држава е еден од поголемите во соседството.

Настанот се одржа на спортскиот аеродром Стенковец. Официјален организиратор е Воздухопловен спортски клуб РЦСК Скопје, во соработка со Аероклуб Скопје, а беше поддржан од повеќе спонзори, меѓу кои и Агенцијата за цивилно воздухопловство и општина Карпош.

XS
SM
MD
LG