Достапни линкови

Кривична пријава за ексградоначалник на Чашка за неоправдани вработувања


Основно јавно обвинителство

СВР Велес поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на Чашка за злоупотреба на службена положба и овластување. Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општината, иако немало потреба од вработувања.

Според соопштението, времено вработените воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината.

XS
SM
MD
LG