Достапни линкови

„Дупер“ раскина со Мартина, „Авалон“ со „Дупер“


Бендот „Дупер“

Популарниот бенд „Дупер“ ја избрка својата тапанарка Мартина Баракоска, по што продукциската куќа „Авалон“ го раскина договорот со бендот.

„Поради тоа што едниот од машките членови на групата Дупер ѝ даде отказ на Мартина, со поддршка на другиот машки член, од според мене најпатетична можна причина, Авалон Продукција го раскина договорот со младите момци“, напиша Бобан Милошески, сопственик на „Авалон“, на фејсбукот страницата на компанијата.

Во бендот сега членуваат Бобан Какуринов (гитара, клавијатура) и Илчо Нечовски (вокал, бас гитара). Тие се појавија на сцената лани. Нивната прва песна „Не сум твој тип“ за брзо време стана голем хит, собирајќи неверојатни 2,1 милион прегледи на „Јутјуб“. Договорот со „Авалон“ го потпишаа пред новогодишните празници, а потоа добија „Златна бубамара“ за музичко откритие на годината.

XS
SM
MD
LG