Достапни линкови

РСЕ конкурс за новинарската стипендија Динстбир


Илустрација за РСЕ Конкурс

Радио Слободна Европа отвора конкурс за „Новинарската стипендија Јиржи Динстбир“ за 2019 - 2020 година. Целта на оваа стипендија е да им помогне на новинарите од земјите од Западниот Балкан да ја унапредат својата професија преку поддршка на медиумскиот плурализам и независност.

Оваа престижна стипендија, која е заедничка иницијатива на Министерството за надворешни работи на Чешка и на Радио Слободна Европа, е инспирирана од придонесот на Динстбир во новинарството, меѓународната политика и во полето на човекови права. Нејзина цел е и да ја збогати оставината на Радио Слободна Европа во промовирањето на праведни и отворени општества со посредство на новинарството. Избраните стипендисти ќе бидат распоредени во некои од дописништвата на Балканскиот сервис на Радио Слободна Европа, а потоа и во седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, каде што ќе учат од искусни професионалци.

Програмата на обуката им помага на стипендистите во учење и совладување на најсовремените мултимедијални вештини, додека вклучувањето во дневните уреднички дискусии ги информираат за професионалното и независно новинарство. Предвид ќе бидат земени пријавите на новинарите од Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и од Србија. Стипендијата трае од 18 ноември 2019 до 26 јуни 2020 година. Пополнетите пријави мора да бидат напишани на англиски јазик и испратени до 2 јуни. Избраните стипендисти ќе бидат информирани до 10 јули 2019 година. Пријавата за стипендијата може да ја преземете овде.

XS
SM
MD
LG