Достапни линкови

Самитот во Владивосток со порака до Вашингтон


Пораката на Путин од средбата со Ким Џонг Ун
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Пораката на Путин од средбата со Ким Џонг Ун

Рускиот претседател Владимир Путин на 25 април во Владивосток ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, соопштено е и во Москва и во Пјонгјанг. Со тоа е ставен крај на шпекулациите за тоа кога и каде ќе се случи овој долгочекуван самит.

Подготовките за состанокот во рускиот град на Тихиот Океан беа чувани во тајност поради загриженоста на севернокорејската страна за безбедноста на Ким Џонг Ун, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

За Путин, средбата со Ким нуди шанса да го зголеми своето влијание во регионот во однос на Вашингтон.

Дмитриј Тренин, директор на Центарот Карнеги во Москва вели:

„Русија сака всушност да испрати порака, не само до Вашингтон и на извесен степен до Пекинг, туку и до Сеул, дека е важен играч и оти Русија треба да биде вклучена кога се дискутираат корејските прашања“.

Главните теми на средбата ќе бидат нуклеарната програма на Северна Кореја и заедничките економски интереси.

Сепак, Тренин не предвидува големи пречки во разговорите.

„ За Русија играта не е за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, бидејќи повеќето луѓе овде веруваат дека тоа е невозможна мисија. Севернокорејците нема да се откажат од единствената гаранција за опстанокот на севернокорејската држава и нејзиниот режим“.

Вклучувањето на Москва доаѓа во моментот кога разговорите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг се стопирани по неуспехот на средбата на Трамп со Ким во Ханој.

Пропаѓањето на овие разговори може да значи дека Ким остварува средба со Путин, прва меѓу нив, со цел да ги засили напорите за прекинување на руската поддршката за санкциите врз Северна Кореја.

Георги Толораја, поранешен дипломат во Северна Кореја и експерт за Кореја, вели дека влијанието на Русија во Северна Кореја честопати е потценета.

„Постои тенденција да се потцени руската улога и да се каже дека" Па, Русија нема алатки, нема лост. Ние го имаме, ние не го користиме. Ако би сакале да ја снабдиме Северна Кореја со десетина С-400 (ракетни системи), мислам дека тоа ќе го промени целиот баланс на моќта во Кореја, тоа е само еден пример“.

Ким, како и неговиот татко, избегнува патување со авион и затоа со воз отпатува Владивосток, околу 675 километри јужно од Пјонгјанг.

Во меѓувреме, Владивосток е под невообичаено строги безбедносни мерки.

Поморските власти објавија дека водите ќе бидат затворени за сиот поморски сообраќај.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG