Достапни линкови

„Станица:Студентска“ - за младинските и студентски организации


Плакат на „Станица: Студентска“
Плакат на „Станица: Студентска“

Денешното седмо издание на „Станица: Студентска“, во организација на Младинскиот образовен форум на Правниот факултет „Јустинијан Први“ е со повод одбележување на 20 годишниот јубилеј на МОФ. Станува збор за промоција на работата на студентските и младинските организации, младински активизам и алтернативни предавања кои не можат да се слушнат во конвенционалното образование.

„Настанот е отворен за сите заинтересирани млади луѓе, студенти и останати посетители кои сакаат да посетат предавања кои ретко имаат можност да ги следат на факултетите, да се информираат и зачленат во организации отворени за нив, да учествуваат во работилници и да разменат искуства и идеи. Во склоп на „Станица: Студентска 7.0“ ќе има саем на дваесет младински организации, а покрај тоа ќе се одржат различни предавања и работилници за посетителите“, стои во најавата.

Предавањата се посветени на теми како: соларен потенцијал, како се прави пиво, за вакцините, за вештачката интелигенција и многу други интересни теми.

XS
SM
MD
LG