Достапни линкови

Вратени 110 косовски државјани од Сирија од кои 74 деца


Центарот каде се сместени косовските државјани кои биле во Сирија.

Од Сирија во Косово синоќа се вратиле 110 косовски државјани, меѓу кои четворица борци на милитантната група Исламска држава, 32 жени и 74 деца. Директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај информира дека на четворицата борци на ИД од страна на Специјалното обвинителство на Косово им е одреден 48 часовен притвор.

Според него, во зоните на конфликтот во Сирија и натаму се наоѓаат уште 30 борци, 49 жени и осум деца од Косово, за чие враќање надлежни служби продолжуваат да работат во тесна соработка со САД и другите меѓународни партнери од антитерористичката коалиција.

XS
SM
MD
LG