Достапни линкови

МОСТ со 1500 набљудувачи на изборите


Прес конференција на Граѓанската асоцојација МОСТ. Претседателот на организацијата Дарко Алексов.

Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1500 набљудувачи. На 1160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи
со што ќе се покријат 33 отсто од вкупниот број гласачки места во земјава.

„Покрај тоа, МОСТ ќе распореди и 100 мобилни тимови, составени од по 2 набљудувачи, кои ќе служат за логистичка поддршка на статичните набљудувачи и повремено ќе ги набљудуваат гласачките места на кои МОСТ нема распоредено статични набљудувачи. Дополнително, 80 набљудувачи ќе ја набљудуваат работата на општинските изборни комисии, а ќе се набљудува и работата на ДИК“, соопштија од невладината.

Во текот на изборниот ден, на бесплатната телефонска линија 080 080 080 граѓаните може да пријавуваат евентуални нерегуларности или да дадат информации поврзани со изборниот процес.

XS
SM
MD
LG