Достапни линкови

Пакистан бара Иран да ги казни одговорните за убиство на 14 војници


Пакистанскиот министер за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши

Пакистан побара од Иран да преземе дејства против терористичките групи за кои се верува дека стојат зад убиството на 14 војници пред неколку дена.

"Се надеваме дека Иран ќе преземе забележлива акција", изјави министерот за надворешни работи, Шах Мехмуд Куреши.

Тој порача дека петнаесет вооружени лица облечени во воени униформи на 18 април го нападнале автобусот во кој се превезувале жртвите во југозападниот дел на прокраината Балочистан. Пакистанското министерство за надворешни работи соопшти дека за нападот се одговорни три терористички организации со седиште во Иран.

XS
SM
MD
LG