Достапни линкови

ДИК: Најголема излезност во Прага, најмала во Истанбул


Портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска

Портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугуческа соопшти дека најголема излезност за претседателските избори во дипломатско конзуларните пртставништаво Европа засега има во Прага, 23,4 отсто, а најниска во Истанбул, 3,57 проценти. Според неа, гласањето се одвива тековно и без проблеми.

Таа информира дека денешното гласање во затворите се одвива непречено и до 10 часот правото на глас го искористиле 22 проценти. Прв пат за претседателските избори се гласа и во два старечки дома, и притоа 71 лица имаат право да искажат својата поддршка.

Денеска, своето право на глас можат да го остварат 1640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии.

XS
SM
MD
LG