Достапни линкови

Уапсени седум Руси поради планирање напади во Украина


Претседателот на украинската безбедносна служба Васил Храјцак


Украинските власти денеска објави дека уапсиле седум лица за кои тврдат дека биле испратени од руските безбедносни служби за да извршат политички убиства и други "терористички" дела, вклучително и убиството на украински разузнавачки агенти.

Претседателот на украинската безбедносна служба Васил Храјцак го објавија ова четири дена пред претседателските избори во Украина.

На прес-конференцијата, Храјцак рече дека СБУ спречила "саботажа на терористичка група на руските специјални служби", која се состоела од седум лица, од кои сите биле уапсени

Храјцак тврди дека од почетокот на 2017 година, руските безбедносни служби испратиле неколку "автономно оперативни" саботажни групи во делови од Украина, вклучувајќи го и сепаратистичкиот дел од регионот Донецк.

XS
SM
MD
LG