Достапни линкови

Франција ги поканува странските архитекти за обнова на Нотр-Дам


Катедралата Нотр-Дам во Париз


Франција ќе ги покани архитекти од целиот свет да учествуваат во обновата на кулата и покривот на катедралата Нотр-Дам кои беа уништен во катастрофалниот пожар на 15-ти април, изјави денеска премиерот Едуард Филип

"Меѓународниот конкурс ќе ни овозможи да го поставиме прашањето дали треба да ја обновиме кулата онака како што беа замислени од архитектот Виолет-ле-Дук", рече Филип.

На пресс конференцијата во Париза тој рече дека целта е "да му се даде Нотр-Дам нов покрив и кула прилагодени на техниките и предизвиците на нашата ера"

Тој, исто така, рече дека владата ќе донесе предлог-закон следната недела за да се обезбеди "транспарентност и добро управување" за време на реконструкцијата, со цел да се осигура дека сите донации ќе завршуваат во реставрацијата.

Претседателот Емануел Макрон вети дека катедралата Нотр-Дам, која е една од најпознатите знаменитости во Франција, ќе биде повторно изградена во рок од пет години. Француските магнати и корпорациите понудиле финансиска и стручна помош.

XS
SM
MD
LG