Достапни линкови

Тевдовски: Општините да не бараат пари од Владата


Драган Тевдовски

Општините да размислуваат за подобрување на приходните страни и планирањето на трошоците, а не да бараат повеќе пари од Владата изјави денска министерот за финансии Драган Тевдоски на дебатата на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Тој одговарајќи на прашањето на поранешниот градоначалник на Гостивар, Руфи Османи околу можноста за зголемено финансирање од државниот буџет преку добивање повисок износ од данокот на додадена вредност истакна дека општините нереално ги планираат буџетите.

„Ако испланирале 100 буџетски единици приход тие реализирале односно направиле приход од 50 или 60 единици, а потрошиле 100 буџетски единици. Исто така, иако имаат можност да соберат повеќе средства со данокот на имот за кој има можност од 0,1 од 0,3 отсто никоја од општините тоа не го прави. Поради борбата за гласови не ја зголемуваат најниската стапка и сите одат со 0,1 отсто,“ изјави Тевдоски на дебатата. Министерот на новинарско прашање околу тековното помагање на општините со пари од државниот буџет рече дека локалните самоуправиле добро реагирале и се надминуваат состојбите.

XS
SM
MD
LG