Достапни линкови

Фазлиу бара од градоначалниците одговорно трошење на народните пари


Сухејл Фазлиу, министер за локална самоуправа

До крајот на јуни се очекува општините да ги завршат преговорите со доверителите, а до крајот на годината да ги вратат долговите, изјави денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу. Тој додаде дека општините имаат обврска да објават детален извештај за редоследот на исплаќање на долговите. Фазлиу бара од градоначалниците да бидат одговорни и транспарентни во трошењето на јавните пари.

„Кога некој ќе ви пружи рака за да ви помогне во тешка ситуација, треба средствата да бидат искористени одговорно за да не оставите впечаток кај граѓаните дека правите некаква злоупотреба бидејќи тоа ќе ве оштети вас како градоначалници, но ја оштетува и Владата и општеството,“ изјави Фазлиу на прес-конференција во Владата.

Во однос на набавката на луксузните автомобили во општина Струга, министерот изјави дека одговорност треба да се бара и од Советот на општината, која со мнозинство гласови ја одобрила набавката. Доколку се работело за луксузирање, тие можеле да ја сопрат постапката, рече Фазлиу.

Владата неодамна им даде пари на општинитеза да им помогне да исплатат 51 процент од долговите што ги имаат.

XS
SM
MD
LG