Достапни линкови

Холандската суспензија на безвизниот режим со Албанија не стигна во Брисел


Брисел е запознаен со гласањето на холандскиот Парламент за суспендирање на безвизниот режим за Албанија, но до сега до Европската комисија не е пристигнато такво барање. Портпаролката на Европската комисија Наташа Берто изјави дека за такво нешто има специфична процедура за механизмот за суспензија.

„До денеска не сме добиле никакво известување од ниту една земја членка со барање за активирање на механизмот, за која било од земјите кои имаат слободен визен режим, изјави Берто.

Вчера холандскиот Парламент изгласа суспензија на безвизниот режим со Албанија поради криминалните активности на албанската мафија во Холандија. Берто додаде дека доколку пристигне формално барање од која било земја членка, Европската комисија „внимателно ќе го анализира, процени и одреди, во согласност со специфичната процедура и врз основа на сите податоци“, дали е потребно да се суспендира слободниот визен режим за Албанија.

XS
SM
MD
LG