Достапни линкови

Русковска најави обвинение следниот месец за организаторите на „крвавиот четврток“


Јавната обвинителка Вилма Русковска очекува дека до крајот мај ќе биде подигнато обвинението за организаторите на насилството во Собранието на 27 април 2017 година. Таа додаде дека не очекува во скоро време, како што вели, да и се пружи прилика да го сослуша и поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство.Рускоска денеска истакна дека добар дел од сведоците ги сослушала и дека оваа недела тече распитот на обвинетите.

„Следната недела веројатно ќе се договорам со одбраната да извршат увид во доказите, а ќе видам и дали треба да се сослуша уште некој сведок по што ќе ја привршам истрагата, изјави Русковска по завршувањето на промоцијата на проектотповрзан со стандардизација на лабораториите на Институтот за судска медицина.

Таа не сакаше да прецизира каков е профилот на сведоците кои ги сослушала, пренесуваат медиумите. Посочи дека се во фаза на преведување на потребните документи за екстрадиција на последниот обвинет во првиот процес за настаните во Собранието кој е во бегство во Шведска.

XS
SM
MD
LG