Достапни линкови

Над четири илјади војници во најголемата воена вежба во Македонија


Најголема воена вежба именувана како „Одлучен удар“ ќе се спроведе од 20 мај до 15 јули на територија на Македонија. Владата на последната седница донела одлука со која се одобрува спроведувањето на воената вежба на македонската армија заедно со припадници на Командата на УС ЕУРОКОМ. Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски соопшти дека станува збор за најголема воена вежба која било кога е организирана во нашата држава и во која на практичен и видлив начин ќе се манифестира сојузничката поддршка за членството на земјава во НАТО.

а вежбовната активност е предвидено, освен учеството на две илјади македонски војници и две илјади припадници на вооружените сили на Соединетите Американски Држави како и 400 различни видови моторни возила, 25 војници од Албанија, 25 војници од Бугарија и 25 војници од Литванија и 100 војници Црна Гора.

Воената вежба има за цел подобрување на заедничкото делување на земјите членки во тековните и идните операции предводени од НАТО алијансата.

XS
SM
MD
LG