Достапни линкови

Таџикистанскиот претседател во дводневна посета на Москва


Архивска фотографија, Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон на средба со рускиот претседателот Владимир Путин,

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон денеска треба да пристигне во дводневна посета на Москва на покана на претседателот Владимир Путин, соопшти Кремљ. Во соопштението е наведено дека разговорите ќе бидат насочени кон клучните прашања за подобрување на билатералната соработка како и за мерките за развивање на профитабилно соработка во трговски-економските сфери.Рускиот амбасадор во Душанбе, Игор Лјакин Флоров изјави дека документите кои ќе го потпишат двајцата претседатели ќе овозможат подобрување на снабдувањето со земјоделски производи наРусија од Таџикистан.

XS
SM
MD
LG