Достапни линкови

Вооружена престрелка при рација во Пакистан


Илустрација, архивска фотографија

Во 15 часовна престрелка во Пакистан загина еден полицаец и најмалку петмина осомничени милитанти, соопштија надлежните. Рацијата беше спроведена во милитантното скривалиште во северозападниот град Пешевар. Полицијата соопшти дека осомничените отвориле оган кога безбедносните сили кои ја опколиле куќата ги повикале да се предадат. Операцијата сè уште е во тек, се претпоставува дека во куќата се кријат уште неколкумина осомничени милитанти.

XS
SM
MD
LG