Достапни линкови

Извештајот на Мулер ќе биде објавен в четврток


специјалниот советник Роберт Мулер

Американското Министерство за правда соопшти дека очекува извештајот на специјалниот советник Роберт Мулер за истрагата за руското мешање во американските претседателски избори да биде објавен в четврток. Скратената верзија во која ќе нема делови кои се означени како доверливи в четврток ќе му биде доставена на Конгресот, а потоа ќе биде достапна до јавноста. Мулер ја заврши истрагата во март и извештајот од 400 страници му го предаде на министерот за правда Вилијем Бар кој потоа изјави дека Мулер не открил завера во текот на изборната кампања.

XS
SM
MD
LG