Достапни линкови

Лидерот на владејачката партија во Романија на суд


Ливиу Драгнеа

Лидерот на владејачките социјалдемократи во Романија Ливиу Драгнеа во текот на жалбената постапка ги отфрли обвинувањата за малверзации кои беа клучни за иднината на овој контроверзен политичар. „Целосно сум невин и ова судење го сметам за политичко“, рече 56 годишниот Драгнеа кој за прв пат беше сослушан од почетокот на жалбената постапка во аферата на фиктивни работни места. Тој беше осуден во јуни лани на три ипол години затвор.

XS
SM
MD
LG