Достапни линкови

Конструкцијата на Нотр Дам е спасена


пожарот во катедралата Нотр Дам

Париските пожарникари соопштија дека по неколкучасовно гасење на пожарот во катедралата Нотр Дам успеале да ја сочуваат конструкцијата на оваа градба во целост. Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Лоран Њунез изјави дека и натаму постои извесна претпазливост од пожарот кој најпрвин го зафатил покривот. Според првичната истрага, изгледа дека пожарот избувнал случајно. Градењето на катедралата посветена на Богородица Марија почнала во 1163 година и траеше скоро два века. Првата голема реставрација на црквата беше од 1844 до 1864 година.

XS
SM
MD
LG