Достапни линкови

Помпео – Нема сомнеж за иранско финансиско присуство во Јужна Америка


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека „нема сомнеж“ за иранското финансиско присуство во Јужна Америка и оти Техеран останува глобална закана.

„Иранските пари остануваат во Јужна Америка и се користат за малигни цели, за поддршка на Хезболах, за поддршка на транснационалните криминални организации, за поддршка на тероризмот во регионот“, рече вчера Помпео во интервју за Гласот на Америка за време на посетата на регионот.

Помпео забележа дека авиокомпанијата Махан Ер, која е под санкции од Вашингтон, поради наводно пренесување воена опрема во воените зони на Блискиот Исток, минатата недела започна со директи летови од Техеран од Каракас.

Помпео го даде интервјуто за Гласот на Америка во Парагвај, за време на посетата која Вашингтон соопшти дека се фокусира на развојот на Венецуела, каде што оспорениот социјалистички претседател Николас Мадуро се обидува да ја задржи власта во борба со самопрогласениот привремен претседател Хуан Гваидо.

Западните земји го поддржуваат Гваидо, додека Русија, Кина, Иран и Куба се на страната на Мадуро.

XS
SM
MD
LG