Достапни линкови

„Ла Линеа“ предупредува на дупка на пат во тетовско


Фигура „Ла Линеа“ пред дупка во тетовско

Герила акција за алармирање на опасноста од дупка покрај пат во тетовско

Огромна дупка на патот кон тетовско Бањиче постои веќе три години. Дупката го пресекува делот на една од главните рекреативни пешачки патеки.

Револтирани, група тетовски активисти реши да направи герила акција за да го сврти вниманието на надлежните кон проблемот. Тие поставија фигура од познатата анимирана серија „Ла Линеа“ до дупката.

Загрижените активистите алармираат дека дупката постојано се шири и претставува опасност за целиот пат при поголеми врнежи на дожд.

XS
SM
MD
LG