Достапни линкови

Фестивал за славење на приказните на младите


Младински Фестивал во МКЦ

YouthFest ќе се одржи во недела од пладне во Младинскиот културен центар.

„Што е важно за младите? Нашите приказни се важни. Нашата солидарност. Зборовите се важни. Музиката. Различноста е важна. Воздухот што го дишеме, нашето образование, нашите идоли. Слободно да се изразуваме. Нашите идеи, нашата самодоверба, нашите занаети“.

Ова е најавата за YouthFest што ќе се одржи во недела од пладне во Младинскиот културен центар.

Организаторите, Младинскиот совет на Американската амбасада, посочуваат дека потребни се другите, потребна е поддршка за сето она што е важно за младите да биде слушнато и видено.

„Ќе ги прославуваме нашите приказни, ќе ги поттикнуваме нашите победи над потешкотиите со кои се соочуваме во ова општество и што е најважно ќе се забавуваме“, додаваат организаторите.

XS
SM
MD
LG